Филипче: Околу 70 отсто од новозаболените се од Чаир и Сарај (ВИДЕО)

Ќе се причека два до три дена за да се утврди дали има потреба за нови рестриктивни мерки, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 89 новозаболени граѓани од коронавирус, 17 се оздравени, додека седум се починати. Дијагностицирани се 2.315 граѓани, а имаме починати 140 имаме, додека активни случаеви се 606. Тројца од Дом за стари лица се болни, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

И покрај високите бројки на новозаразени, рече Филипче, нема лица кои се јавуваат во болните.

– Добар дел од пациентите остануваат дома и здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи. Околу 70 отсто од новозаболените се од Чаир и Сарај. И денеска се работи интензивно во Чаир и Студеничани, а податоци ќе имаме утре – рече Филипче.

Шест конфекции во Штип се повремено се затворени и дома остануваат околу 600 лица.

– Ќе се причека два до три дена за да се утврди дали има потреба за нови рестриктивни мерки – рече Филипче.

Тој потврди дека има поединечни примери каде граѓаните не сакаат да соработуваат со државните работници и да се тестираат.

Во однос на тестираните членови на СДСМ по нивниот контакт со Мухамед Зекири, министерот Филипче рече дека готови и утврдени биле состојбите за петмина од партиското раководство, а се чекале резултатите за техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Со оглед на сите параметри, најверојатно Спасовски ќе треба да помине 14 во домашен карантин – рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот