Филипче: Логиката за седење дома е во тоа што после два циклуса на инкубација, коронавирусот повеќе не е околу нас

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција откри дека после два циклуса на инкубација, коронавирусот практично се смета дека го нема околу нас. На тоа се темелат и сите мерки и препораки за избегнување на социјалните контакти, кои македонските здравствени власти ги преземаат и заоструваат од ден на ден. На ова се темели и позитивното сценарио кое Филипче рече дека го очекува, но дека помошта од сите граѓани е неопходна за справување со коронавирусот.

– Искрено верувам дека ќе има позитивно сценарио. Ограничувањето на социјалните контакти е нешто кое веруваме дека ќе го запре патот на ширење на вирусот. Мора граѓаните да ги почитуваат сите овие мерки. Механизмот е тој, да после два циклуси на инкубација, практично сметаме дека вирусот не е никаде околу нас. Тие кои биле заболени целосно оздравеле после процесот на лекување, а го нема ниту на површините. И тоа е таа логика, зошто се препорачува социјална дистанца и зошто инсистираме на почитување на мерките, посочи Филипче.

Тој апелираше граѓаните да не прават домашни аптеки, да не складираат апчиња и медикаменти и да не се третираат на своја рака.

Од денеска, како што веќе објави Слободен печат, лекот Сумамед ќе може да се земе само на бела рецепта. Министерот потврди дека граѓаните масовно купувале Сумамед откако се обзнани дека е еден од лековите кој ќе биде третман за ковид-19 во комбинација со друг лек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот