Филипче: Доколку продолжат верските собири ќе побарам забрана од Владата

Секој што ќе помисли да ги прекрши овие пораки ќе биде сериозно санкциониран, порача министерот за здравство.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека доколку и понатаму продолжи одржувањето на верските собири во земјата ќе и предложи на Владата да донесе забрана, како мерка за превенција од корона вирусот.

– Апелите важат за сите. Пораките важат за сите. Никој не смее ниту да помисли да ги прекрши овие пораки. Сериозно ќе биде санкциониран. Сериозни се прекршоците и никој не смее да си дозволи да го загрози јавното здравје, порача Филипче на денешната прес – конференција.

Според него, треба да се избегнуваат и бањско климатските центри, а домовите за стари лица да го редуцираат бројот на новопримени.

Според последните податоци во државава има 26 заболени лица со коронавирус, сите се во стабилна состојба, се чекаат резултати за шест лица, а во групен карантин во касарната во Пепелиште ќе бидат 200 лица наши државјани кои ќе бидат транспортирани денеска организрано во државава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот