Фил Колинс ја продолжува војната со поранешната сопруга: Таа решила да му ги продаде музичките награди

EPA
EPA

Британската поп ѕвезда Фил Колинс (69) повторно е во проблеми со поранешната сопруга Оријана Севи (46), чиј последен удар прилично го здоболел. Откако на суд успеа да ја отсели од 40 милиони долари вредната вила во Мајами која таа ја окупираше и во која се насели со својот трет сопруг, музичарот Томас Бејтс, таа сега му се одмазди со објавувањето на продажбата на неговите музички награди.

Потегот на швајцарската претприемачка, со која тој има два сина, го шокираше седумкратниот добитник на Греми наградите, поради тоа што во 2008 година, кога се разделија по девет години брак, тој и исплати 46 милиони долари отпремнина, со што нивниот развод стана еден од најскапите во британската забавна индустрија.

EPA
EPA

Но, на неа очигледно и се потребни уште пари бидејќи на онлајн аукциската компанија „Kodner Galleries“ ги продава и своите торби од марката Шанел, брендираната облека, неколку часовници Ролекс, дијамант од 10,35 карати за 600.000 до 800.000 долари, од кои 10 проценти ќе ги даде во добротворната организација „Never Give Up Foundation”.

„Таа се преселува во помал дом и само се ослободува од облеката, накитот и работите кои повеќе не и се потребни. Таа има 5000 пара чевли и не може сите да ги понесе со неа“, објасни нејзиниот претставник за односи со јавноста.

Драматични обвиненија на бившата сопруга на Фил Колинс: „Тој е импотентен, насилен и не се бања редовно“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот