ФИФПро ги предупредува фудбалерите да не одат во седум земји

Фото: EPA-EFE/SEM VAN DER WAL

Меѓународниот синдикат на професионални фудбалери (ФИФПро) ги советуваше играчите да не потпишуваат договори со клубови од седум земји кои не ги исполнуваат своите обврски.

на „црна листа“ на ФИФПро се наоѓаат Алжир, Кина, Грција (Втора лига), Либија, Романија, Саудиска Арабија и Турција, а причината за предупредувањето е системското и масовно кршење на договорите во тие земји.

Во Романија и во Турција најчести забелешки се дека клубовите во овие две земју не ги почитуваат обврските кога станува збор за исплата на платите.

Втората лига на Грција е ризична бидејќи клубовите често згаснуваат и притоа не ги исплаќаат своите играчи.

Неплаќањето е проблем и во Алжир, Кина, Саудиска Арабија, додека во Либија фудбалерите се соочуваат со проблеми со документацијата.

Имено, фудбалерите што играат во клубовите од оваа африканска земја често остануваат заглавени во истата и не можат да заминат бидејќи нивните клубови одбиваат да ја достават соодветната документација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот