Жозе Мурињо и Винисиус Жуниор/ EPA/JOSE SENA GOULAO

ФИФА воведува ново правило со кое полесно би се добивале црвени картони?

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, најави можни построги мерки во борбата против расизмот, оставајќи простор фудбалерите да добиваат директен црвен картон доколку за време на расправии ја покриваат устата.

Темата повторно се актуализираше по инцидентот во кој ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, обвини дека бил мета на расистички навреди од страна на фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани. Случајот предизвика силни реакции во јавноста.

Престијани ги отфрли обвинувањата, но во моментите кога му се обраќаше на Винисиус ја покриваше устата, па не можеше да се утврди што точно било кажано. И покрај тоа, тој беше суспендиран за реваншот во плеј-офот за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Прашањето било разгледувано и на состанокот на Меѓународен одбор на фудбалските асоцијации, каде се дискутирало за можни измени и дополнувања на правилата.

„Доколку некој играч ја покрие устата и каже нешто што има расистичка последица, тогаш мора да биде исклучен, тоа е очигледно“, изјави Инфантино.

Тој додаде дека самото покривање на устата создава сомнеж.

„Мора да постои претпоставка дека кажал нешто што не смеел да го каже, бидејќи во спротивно не би имал потреба да ја покрива устата. Едноставно не разбирам. Ако немаш што да криеш, не ја покриваш устата додека зборуваш. Тоа е тоа, едноставно е. И тоа се чекори што можеме и мораме да ги преземеме за да бидеме сериозни во нашата борба против расизмот“, порача претседателот на ФИФА.

УЕФА го суспендираше Џанлука Престијани поради дискриминаторско однесување

Винисиус за скандалот во Лисабон: Толку е слаб што мораше дресот да го стави преку уста

Се огласи Престијани: Винисиус погрешно ме разбра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот