Фото: EPA/JOSE SENA GOULAO

УЕФА го суспендираше Џанлука Престијани поради дискриминаторско однесување

УЕФА привремено го суспендираше фудбалерот на португалскиот клуб Бенфика, Џанлука Престијани на еден натпревар по инцидентот со напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус, во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите, соопшти во понеделник управното тело на европскиот фудбал.

Аргентинецот Престијани ќе го пропушти реваншот во среда на „Сантијаго Бернабеу“, потсетување, Реал Мадрид триумфираше со 1:0 во првиот натпревар одигран во Лисабон.

Познато е дека Бразилецот Винисиус Жуниор го обвини Аргентинецот за расно навредување, УЕФА веднаш покрена истрага, и иако таа не е целосна, има право да го суспендира, што и го искористи.

УЕФА се повика на правило во своите правилници кое ѝ дозволува да суспендира играч кој е под истрага, па Престијани нема да може да му помогне на својот тим да ја анулира негативата против Реал Мадрид.

Возвратниот дуел помеѓу Реал Мадрид и Бенфика е закажан за в среда од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот