ФИФА ја тргна забраната за трансфери на ФК Шкупи
Фудбалскиот клуб Шкупи ја информира јавноста дека од денеска и официјално повеќе нема забрана за трансфери и регистрација од Светската фудбалска организација, ФИФА.
Препорачано
Како што и претходно објави Шкупи, сите долгови на клубот се навреме вратени и сите обврски се навреме исполнети.
Сепак, забраната не беше веднаш укината поради неколку технички проблеми и бирократски процедури, кои сега се целосно решени.
– Овој процес, иако надвор од наша контрола, беше предизвик со кој се соочивме сериозно и посветено, секогаш со цел да ги заштитиме интересите на клубот. Посветеноста на новото раководство беше максимална за надминување на оваа состојба, следејќи го секој правен и процедурален чекор до конечното решавање на проблемот.
Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на сите наши фанови и поддржувачи за трпението, разбирањето и континуираната поддршка. Вашата доверба и љубов кон клубот се нашата најголема сила.
Очекуваме со оптимизам и посветеност, решени да продолжиме по патот кон нашите цели, со целосна доверба во тимот што го имаме – стои во соопштението на ФК Шкупи.


