фото: partizan.rs

ФИФА го суспендираше Партизан, „црно-белите“ не можат да регистрираат нови играчи

ФИФА го суспендираше српскиот фудбалски клуб Партизан, забранувајќи му да регистрира нови играчи поради долг кој треба да се подмири. Неофицијално, станува збор за сума од 50.000 илјади евра.

Сè беше официјално објавено на веб-страницата на ФИФА, на која се наведени сите прекршоци и казни на клубовите, а суспензијата на Партизан започна на 10 јуни.

– Списокот на забрани за регистрација на ФИФА е важен ресурс за фудбалската заедница, кој содржи список на клубови од целиот свет кои моментално се соочуваат со забрана за регистрација на нови играчи наметната од ФИФА. Овој список ги вклучува клубовите на кои им е привремено забрането да регистрираат нови играчи поради разни прекршоци, како што се финансиски спорови или прекршување на прописите. Како клучна алатка за националните асоцијации, конфедерации, клубови, играчи и агенти, списокот на забрани за регистрација на ФИФА придонесува за транспарентност и усогласеност во спортот, овозможувајќи им на сите учесници да бидат информирани за тоа кои клубови не можат да потпишат нови играчи за време на периодот на забрана – се вели во описот на веб-страницата.

Овој случај покажува дека нема крај на маките на Партизан. Сепак, олеснителна околност е тоа што забраната ќе биде укината автоматски, откако ќе бидат решени сите спорови околу долгот.

Ова не е прв пат „црно-белите“ да имаат вакви проблеми, кои веќе се случија во претходната година, како и во 2022 година.

Со оглед на тоа што летниот трансфер период во Србија трае од 30 јуни до 19 септември, Партизан ќе има многу време да го реши овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот