ФИФА го потврди воведувањето на нов преоден рок
Светската фудбалска организација (ФИФА) официјално потврди дека на почетокот на јуни ќе се отвори дополнителен преоден период за сите фудбалски асоцијации чии клубови учествуваат на Светското клупско првенство.
Препорачано
Овој вонреден рок ќе овозможи регистрација на нови играчи кои ќе имаат право да учествуваат на турнирот.
Натпреварувањето ќе се одржи во САД, а почетокот е закажан за 14 јуни во Мајами.
Официјалното соопштение за медиумите на ФИФА ги содржи сите детали за посебниот преоден рок:
– Во согласност со Правилникот за Светското клупско првенство на ФИФА 2025 година и соодветните измени на Правилникот за статусот и трансферите на играчите, сите 20 национални асоцијации чии клубови ќе учествуваат во ова револуционерно натпреварување го потврдија отворањето на вонредниот регистар на играчи во периодот од 1 до 10 јуни.
Сите клубови во рамките на тие асоцијации ќе имаат право да регистрираат нови играчи кои ќе можат да учествуваат на турнирот. Крајниот рок за поднесување на конечниот список на играчи е 10 јуни 2025 година, што значи дека сите играчи регистрирани во овој преоден период можат да бидат регистрирани за турнирот во САД – се вели во соопштението.


