ФИФА ги објави тројцата кандидати за тренер на годината

Фото: FIFA

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) денеска ги објави тројцата кандидати за најдобар тренер на годината.

За престижното признание ќе се борат двајцата италијанци Симоне Инзаги и Лучијано Спалети и Шпанецот Пеп Гвардиола.

Минатата сезона Гвардиола оствари голем успех со Манчестер Сити освојувајќи ја Лигата на шампионите и Премиер лигата, па така е главен фаворит да ја добие наградата.

Лучијано Спалети со Наполи ја освои Серија А, додека Симоне Инзаги имаше одлична сезона со Интер со кој изненади и стигна до финалето на најелитното европско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот