фото: Begum Unal

ФИБА рангирање: Србија прв фаворит за златото на Евробаскет 2025

Останува многу малку до почетокот на Европското првенство во кошарка (27 август – 14 септември 2025), кое ќе се одржува во четири земји, а каде што Србија е огромен фаворит за освојување на златниот медал, според новата потврда од ФИБА.

Србија е веројатно единствената репрезентација која моментно е комплетна во подготовките за Евробаскетот, бидејќи останатите селекции имаат проблеми со повредени играчи. Она што им дава дополнителен поттик на Србите е фактот дека селекторот Светислав Пешиќ ќе може да смета и на Никола Јокиќ.

Но, не само членот на Денвер нагетс – играта на Србија може да се врти и околу Богдан Богдановиќ, па дури и Никола Јовиќ.

Сето ова беше повеќе од доволно за ФИБА да го објави најновото рангирање на 10 дена пред ЕП, во кое ја смести Србија на врвот како најголем фаворит за златниот медал.

Германија е на второто место, Франција на третото, по што следат Литванија, Латвија, Италија, Турција…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот