ФИБА Еврокуп: И „плус 16“ не беа доволни за победа, Работнички ги загуби шансите за влез во главната рунда

фото: kfsm.mk

Македонскиот кошаркарски клуб Работнички го претрпе и вториот пораз во ФИБА Еврокупот на квалификацискиот турнир во Скопје, откако во СРЦ „Кале“ загуби и од Сабах со 81:83.

Иако во текот на втората четвртина тимот на Димитар Мираковски имаше и позитива од „плус 16“ разлика (33:17), играчите на нашиот тренер Боби Митев направија целосен пресврт за победа.

Трајс со 29 поени беше најефикасниот играч на Работнички, Џелетовиќ застана на 19, исто толку имаше и Де Коуси во поразот кој означи и крај на надежите на клубот дека може да се бори за првата позиција.

За неа ќе се борат Сабах (Азербејџан) и Рапид Букурешт (Романија), кои до сега запишаа по две победи.

В среда е слободен ден на турнирот, а во последното коло ривал на македонскиот претставник в четврток од 20.30 часот ќе игра против холандскиот Донар од Гронинген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот