ФФМ набавува три амбулантни возила за Клиниката „Св. Наум Охридски“

фото: ffm.mk

– Повикуваме да се следат препораките поддржувајќи ги здравствените институции во борбата против коронавирусот – вели претседателот на ФФМ, Сејдини.

Соочени со последиците од коронавирусот SARS-CoV-2 и имајќи ја в предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на нашата држава, но пред сѐ, нашите здравствени работници, Фудбалската федерација на Македонија набавува три нови амбулантни возила кои ќе ги предаде во трајна сопственост на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница) во Скопје.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, директорот на Клиниката за хируршки болести, Љубен Арсенков и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести, Нермин Шакири во „Куќа на фудбалот“ го потпишаа договорот за отстапување на три целосно опремени амбулантни возила, марка CITROEN JUMPER кои ги набавува ФФМ за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ .

фото:ффм

– Ова време сите нас нѐ потсетува колку е важен животот и здравјето на луѓето. Наша должност како социјално одговорна институција е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба. Во ова време, ФФМ, но и сите останати институции мора да покаже одговорност, единство и солидарност. Фудбалот е моќна сила во секое општество и едноставно, мораме да го покажеме своето најдобро лице, лице на солидарност и толеранција.

Нашата општествена одговорност досега многу пати била потврдена и ги повикуваме сите останати институции и компании, секој во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба.

Исто така, повикуваме во секој момент да се следат препораките поддржувајќи ги здравствените институции во борбата против коронавирусот. Бидете силни, заедно ќе победиме и на овој натпревар – истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот