ФФМ го пријави Арнаутовиќ за навредите упатени кон Алиоски

epa09268331 Marko Arnautovic (R) of Austria talks with Ezgjan Alioski of North Macedonia after the UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match between Austria and North Macedonia in Bucharest, Romania, 13 June 2021. EPA-EFE/Robert Ghement / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Фудбалската Федерација на Македонија го пријави во УЕФА Марко Арнаутовиќ, поради расистичките и националистички навреди кои ги упати австрискиот фудбалер кон Езџјан Алиоски.
Арнаутовиќ по постигнувањето на третиот гол за Австрија во дуелот со Македонија, го навреди Алиоски, по што ФФМ денеска го пријави на УЕФА. На австрискиот репрезентативец не му помогна ниту денешното извинување поради неговата неспортска постапка.

Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.
Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.
Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат“, објави ФФМ.

Арнаутовиќ вели дека немало инцидент со Алиоски: Не сум расист

 

 

Видео на денот