Ферстапен најбрз во квалификациите, но Саинс ќе стартува од пол-позицијата на трката во Спа

Карлос Саинс ќе стартува од пол позицијата на патеката Спа Франкошамп/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на Ферари, Карлос Саинс ќе стартува од пол-позицијата на утрешната за Големата награда на Белгија што ќе се вози на патеката Спа Франкошамп иако на денешните квалификации најбрз беше шампионот Макс Ферстапен од Ред Бул. Ферстапен поради казна, трката ќе ја започне од 15. место.

Ферстапен беше најбрз во квалификациите со време 1:43.665 минута, а Саинс беше втор со заостаток од 0.632 секунди, но возачот на Ред Бул е казнет поради промена на моторот и утрешната трка ќе ја започне 14 позиции подоле. Освен Ферстапен казни од истата причина добија и Шарл Леклер од Ферари, Ландо Норис од Мекларен, Естебан Окон од Алпине, Валтери Ботас од Алфа Ромео и возачот на Хас, Мик Шумахер.


Во првиот стартен ред на утрешната трка ќе биде Серхио Перес од Ред Бул чиј најдобар круг во квалификациите изнесуваше 1:44.462 минута, а од третата позиција ќе стартува Фернандо Алонсо од Алпине, кој беше шести во денешните квалификации.

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе ја започне трката од четвртото место, а неговиот тимски колега Џорџ Расел од петтото.

Трката за Големата награда на Белгија се вози утре од 15:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот