Фернандо Алонсо: Формула 1 е премногу досадна
Ветеранот, возач на Алпин, смета дека резултатите од трките се лесно предвидливи и дека не постои друг таков спорт
Фернандо Алонсо од тимот Алпин ја дефинира Формула 1 како „досадна“ поради доминацијата на Ред бул и Ферари оваа сезона. Најдобрите два тима ги освоија сите 11 победи оваа сезона, поделени помеѓу Макс Верстапен, Шарл Леклер, Серхио Перез и Карлос Саинц.
Препорачано
Единствениот друг тим што ќе се појави на подиумот оваа година е Мерцедес.
Минатата сезона имаше шест победници во Формула 1. Луис Хамилтон, Валтери Ботас, Макс Верстапен и Серхио Перез сите застанаа на највисокото скалило во битката меѓу Мерцедес и Ред бул, а Естебан Окон и Даниел Рикардо изненадувачки обедија во Унгарија и Италија.
Но, со големата разлика меѓу тимовите оваа година, има помали шанси бројот на победници да се искачи над четири.
– За жал, Формула 1 е сè уште многу предвидлива. Не знам ниеден друг таков спорт. Сепак е премногу досадно, иако карактеристика на Формула 1 е секогаш да има тимови кои се побрзи од другите – објасни Алонсо.
Актуелниот договор на Алонсо со Алпин истекува на крајот на 2022 година, но тој треба да разговара во текот на летната пауза за продолжување.


