Фернандеш не доаѓа, се водат преговори за „СМС“!
Португалецот Фернандеш беше главна цел на „црвените ѓаволи”, тој вчера постигна гол за „лавовите” во ремито 2:2 против Ливерпул во пријателски натпревар. Пред неколку дена играчот кој вреди 65 милиони евра ја потврди својата желба да игра во Премиер Лигата.
Препорачано
Оле Гунар Солскјер е во потрага по нов централен дефанзивец, откако Хари Мегваер од Лестер е број еден на списокот, но „лисиците” сакаат рекордно висока сума за да го ослободат фудбалерот.
Тимот од „Олд Трафорд“ исто така продолжува да бара десно крило, и евентуално нов централен напаѓач, ако се разделат со Ромелу Лукаку.
90Min: Man Utd Close to €80m Sergej Milinkovic-Savic Deal as Star Informs Teammates & Agent Flies to UK https://t.co/cLYQFtvBCK #mufc #utd #united pic.twitter.com/GG2tE3N0nh
— United News App (@UnitedNewsApp) July 25, 2019
Според „Гаѕета дело Спорт“, агентот Матеја Кежман е во Манчестер да преговара за можен трансфер на Сергеј Милинковиќ-Савиќ или „СМС“ во Јунајтед. Шефот Ед Вудвард не отпатува со тимот за предсезоната, туку останал да видат како ќе течат разговорите со Кежман.
Изворот вели дека премиерлигашкиот клуб е подготвен да одвои 75 милиони евра за српскиот интернационалец и додатни пет како бонуси.
Евентуалниот трансфер на Милинковиќ-Савиќ ќе значи и ослободување на Пол Погба кој се поврзува со преселба во редовите на Реал Мадрид.


