Ferrero Rocher/ Фото: Profimedia

„Фереро“ блиску до преземање на „ВК Келог“ за околу 3 милијарди долари

Италијанскиот производител на слатки зад Фереро Роше е во завршна фаза на договор за купување на ВК Келог во вредност од околу 3 милијарди долари, објави Вол стрит журнал, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање.

Акциите на ВК Келог, компанијата зад Фрут Лупс и Фростид Флејкс, пораснаа за околу 51% по веста. Фереро би можел да го финализира договорот уште оваа недела, се вели во извештајот. Компаниите не одговорија веднаш на барањата на Ројтерс за коментар.

Вк Келог беше формирана откако Келог го одвои својот бизнис со житарки во Северна Америка во посебна, јавно тргувана компанија пред околу две години.

Преостанатиот глобален бизнис за грицки се вика Келанова.

Во јуни, аквизицијата на Келанова од страна на сопственикот на Сникерс, Maрс, за 36 милијарди долари доби одобрение од антимонополските власти во САД. И Вк Келог и Keланова се борат со ниска побарувачка поради предизвикувачките пазарни услови, пренесува „СЕЕ.биз.еу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот