Ферера: Во фудбалот е потребна и малку среќа…!

Фото: Слободен печат

Првиот натпревар вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје во второто квалификациско коло на Лига Европа, заврши со пораз на Шкендија од 1:2.

Агим Ибраими донесе водство во првото полувреме, но за три минути гостите направија изненадувачки пресврт во вториот дел.

– Ова е одличен резултат за нас, можеби и пред почетокот не очекувавме ваков епилог. Дефинитивно Шкендија покажа доминација, во составот имаат квалитетни играчи. Без сомнение и на реваншот ќе ни биде тешко. Не очекувавме така лесно да направиме пресврт, нивниот голман им направи грешка, а ние ги искористивме шансите. Но, од друга страна ништо не е готово, сигурен сум дека противникот ќе сака уште посилно да напаѓа на возвратниот дуел. Секако освен фудбалската филозофија, потребно е и малку среќа на натпреварите – изјави тренерот на Дуделанж, Емилио Фереира на прес конференцијата после мечот.

Реванш мечот ќе се игра во Луксембург на 30 јули исто така од 17.55 часот на стадионот „Жози Бартељ“.

Да потсетиме победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло на ЛЕ, ќе игра против елиминираниот од пресметката Селтик-Номе Калју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот