Нова брука на Шкендија, и Дуделанж го зеде скалпот на тетовци

фото: ФК Шкендија

Екипата на Шкендија и во вториот европски натпревар на домашен терен им донесе ново разочарување на своите навивачи. По елиминацијата од Номе Калју во квалификациите за ЛШ, овој пат скалпот на тетовчани го зеде екипата на Дуделанж од Луксембург.

Во првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на Европа, Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“ е поразена со 1:2 од Дуделанж.

Тетовчани повторно ги демонстрираа маните од натпреварот со Номе Калју, имаа неколку промашени шанси во првото полувреме по што следеше пад на играта во вториот дел, а сето тоа зачинето со катастрофалните грешки на голманот Реџепи. Шкендија и на овој натпревар, вкупно трет во Европа, покажа дека има голем проблем со реализацијата, сите три гола ги постигна Агим Ибраими и тоа од пенал.

Натпреварот започна добро за тетовчани, откако Марјан Радевски беше соборен во противничкиот шеснаесетник и беше досуден пенал, Ибраими го реализира ударот од белата точка. Добрата игра во првото полувреме не успеаја да ја материјализираат со уште еден гол. Прво, Радевски не успеа да го совлада противничкиот голман во 27. минута, а 11. минути подоцна и шутот на Ибраими не заврши во мрежата на Дуделанж.

 

Во второто полувреме, голем пад во играта на Шкендија, а тоа противникот знаеше да го казни. Киксот на голманот Бекир Реџепи кога го прелета топката во 64. минута му донесе израмнување на Дуделаж, а четири минути подоцна Синани го реализира ударот од белата точка откако Реџепи со несмотрен старт направи пенал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот