Ферари ќе го менува Биното

EPA-EFE/Zoltan Balogh

Директорот на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното во најскоро време ќе добие отказ, пренесува „Кориере дела Сера”.

Според весникот, очајниот старт во новата сезона како и неуспевањето да се освои титулата во минатат, ги натера челниците на ФИАТ, во чија сопственост е Формула 1 тимот, да размислуваат за смена на Биното.

Последна шанса да ја спаси работата на Биното му е неделната трка за Големата награда на Унгарија на која Ферари мора да биде најмалку на подиумот.

Како негов можен наследник се споменува актуелниот претсесдател на тимот кој се натпреварува во ГТ класата, Антонело Колета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот