Вардар - Пелистер/РК Еурофарм Пелистер

Фер-плеј потег на Пелистер: Прифати одложување на дербито со Вардар

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Пелистер, кое првично беше закажано за в сабота од 17 часот, сепак ќе биде одложено. Битолскиот клуб одлучи да му излезе во пресрет на својот најголем ривал и да прифати поместување на натпреварот поради европските обврски на „црвено-црните“.

Наместо викендов, дербито ќе се одигра идниот четврток од 17 часот. Причината за ваквата одлука е реваншот што го очекува Вардар против Монпелје на 5 мај во Скопје.

Скопскиот тим ќе има тешка задача да надополни негатива од 10 голови, па дополнителното време за подготовка може да биде од голема важност.

Натпреварот во салата „Јане Сандански“ е закажан за 20:45 часот, а од Вардар се надеваат дека со поддршка од трибините ќе успеат да направат голем пресврт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vardar.info

Охрид пред полуфиналето со Цеље ќе организира фан-зона

Пелистер за новата сезона се засили со млад ракометар од својот втор тим

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот