Фенг шуи: Претворете го балконот во ваша оаза на среќата

Секој, па и најмал балкон може да се уреди според правилата на фенг шуи, доколку сте расположени за еден таков потфат и сакате од балконот да направите пријатно место за дружење, читање или уживање во самотија.

Според фенг шуи теориите, надворешниот простор е продолжение на домот и директно се рефлектира на нашиот живот. Најважно е да се постигне хармонија – количината на мебел и билките и нивните димензии треба да одговараат со големината на просторот.

Билките симболизираат раст и развој, па затоа треба да се одржуваат здрави, а кога ќе почнат да венеат задолжително да се заменат. Тие претставуваат и добра звучна бариера од вревата на улица, а можат и да го сокријат вашиот простор за уживање од несакани погледи.

best balcony flowers.jpeg_mini

При избор на цвеќе за балконот, според фенг шуи, се советува билките да не растат надолу, да немаат трња и овални, заоблени листови. Треба да се избегнуваат билки со остри листови што личат на сабји.

Бонсаи по фенг шуи не се препорачува затоа што се смета за спротивен на природата. За посебно погодни пак се сметаат лимон и лимет.

Фото: Пиксабеј

Најповолни материјали за предметите на балконот се природните – од глина и керамика.

Најповолни материјали за мебелот се одредуваат според страната на која се наоѓа балконот. Ако тој е на запад, северозапад или на север, најдобар избор е метал. За балкони на исток и југоисток се препорачува мебел од дрво или бамбус, додека пак за балкони на јужната страна се препорачува пластика. Кај југозападните и североисточните балкони, освен камен, може да се избере и пластика.

Фото: Пиксабеј

Фенг шуи принципи

– Секој ден, барем на 20 минути, отворете го прозорецот или вратата од балконот, без оглед на времето надвор, за свежа енергија да го исполни просторот.

– Старите полици и мебел на балконот обновете ги со бојадисување и поставување на нови билки и украси. Во жардињерите посадете билки со низок раст или зачини.

– Трудете се на балконот секогаш да има доволно простор за поминување, за да не се наруши фенг шуи хармонијата.

Фото: Пиксабеј

– Фрлете се што е непотребно, ослободете простор за дружење.

– Не оставајте го дрвениот мебел незаштитен, затоа што на отворено може да се оштети, а најлошо е да се има трул мебел.

– Избегнувајте да ставате стаклени предмети на балконот, а доколку имате оштетени или напукнати тегли, фрлете ги веднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот