Фелисијано Лопес: Не разбирам зошто Синер мора да биде суспендиран на три месеци
Фелисијано Лопес, поранешниот шпански тенисер, вели дека не разбира зошто Јаник Синер е суспендиран. Италијанецот неодамна прифати тримесечна суспензија на ВАДА поради позитивно тестирање на клостебол пред речиси една година.
Препорачано
Синер е суспендиран поради невнимание, односно затоа што сноси одговорност за постапките на неговиот тим кој му внел недозволена супстанца во телото, а не затоа што е виновен за допинг што му пречи на Лопес.
– Од самиот почеток велев дека е невин. Докажа дека не е одговорен за позитивниот тест. Затоа, не разбирам зошто мора да биде суспендиран на три месеци. Ми се чини дека ако играчот е невин и ако не изневерил за да си ја подобри играта, тогаш не треба да биде суспендиран ниту ден. Ги почитувам сите прашања, но ова е мое и мислам дека колку побрзо се врати, толку подобро – изјави Лопес за Марка.
Лопес моментално е директор на турнирот за Мадрид, кој Синер ќе го пропушти за време на суспензијата, а ќе се врати непосредно пред Мастерсот во Рим.
За потсетување, Италијанската тениска федерација иницираше разгледување на идејата да се купи Мастерсот во Мадрид, да го пресели во својата земја и да се направи Мастерсот во Рим Грен слем или нешто слично.


