Фелипе, скопскиот „црвено-црн“ дрес го замени со тетовскиот

Шампионот на Македонија, тетовска Шкендија и официјално го претстави најновото засилување за следната сезона, Бразилецот Фелипе, кој минатата сезона го носеше „црвено-црниот“ дрес на Вардар.

Тој потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година доколку и двете страни се задоволни од соработката.

Иако уште утре ќе биде дел од подготовките на екипата, Фелипе нема да може да и помогне на Шкендија во првиот меч од квалификациите за Лигата на шампионите против Номе Калју но ќе биде во комбинација за настап во наредната рунда доколку тетовчани ја минат пречката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот