„Фејсбук“ со одлука половина од своите вработени да работат од дома

Платите на вработените кои не живеат во „силиконската долина“ ќе бидат намалени.

Генералниот директор на „Фејсбук”, Марк Закерберг најави дека очекува дека во следните десет години околу 50 проценти од вработените во компанијата да  работат од дома.

Сепак, тој додаде дека платите ќе бидат намалени за вработените кои живеат во други делови на Соединетите Американски Држави каде трошоците за живот се пониски отколку во Силиконската долина.

– Ние плаќаме многу добро, всушност најмногу на пазарот, но плаќаме по пазарни цени, кои се разликуваат од локација до локација, така што тој принцип ќе продолжи да се применува и во овој случај, рече Закерберг.

Во „Фејсбук” се вработени околу 50.000 луѓе, а компанијата планира да изгради три нови регионални централи во Атланта, Далас и Денвер за повремени собири на вработените кои живеат во близина на тие градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот