Федерацијата за планинарство поднесе пријава за вандализирање на кулата на Титов Врв

Фото: Фејсбук

Федерацијата за планинарство на Северна Македонија поднесе пријава до Секторот за внатрешни работи – Тетово за оштетување и опожарување на кулата на Титов Врв, објавија од федерацијата на својот Фејсбук профил.

„Федерацијата за планинарство на Северна Македонија остро го осудува вандалството и уништувањето на кулата на Титов Врв. Со оваа неодговорна постапка и оштетувањето на симболот на препознатливост на планинарството кај нас, само се загрозува безбедноста на посетителите. Воедно, ве известуваме дека Федерацијата ќе го санира објектот и зависно од временските услови таа ќе се одвива етапно,“ стои во објавата на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија

Инаку кулата според планинарскиот клуб Аргентис Маунт е вандализирана во периодот меѓу 8 и 18 декември.

Според нивниот увид, запалена е една шперплоча и потоа со кршење сторителите се качиле од првиот кат на вториот кат. Со насилни удари од внатрешноста со помош на чекани искршени се десет прозорци.

Запален е агрегатот за струја од 3 киловати, со 10 литри бензин во него. Подоцна од запалениот агрегат е предизвикан и пожарот од кој изгорени се материјали и алати, кои биле во близината. При пожарот уништени повеќе предмети во планинарскиот дом.

ФОТО | Демолирана целата внатрешност на планинарската кула на Титов Врв

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот