Федерацијата казни три фудбалски суперлигаши во Србија, еден исфрлен поради местење натпревари

фото: facebook.com/fudbalskiklubkolubara1919

По извештаите, пријавите од УЕФА, денеска во Белград се одржа седница на дисциплинската комисија на Српската фудбалска федерација, а еден клуб всушност е исфрлен од лигата поради местење натпревари.

Изречени се казни за тројца суперлигаши, а по нив јасно е дека Колубара од Лазаревац испадна од Супер лигата.

Со одземањето на бодовите, Колубара сега е на последното место во лигата за опстанок на едно коло до крајот на сезоната и директно ќе ја напушти елитата.

Федерацијата соопшти дека Дисциплинската комисија одлучила да ги казни Колубара од Лазаревац, Спартак од Суботица и Младост ГАТ, додека истрагата за натпреварот меѓу Нови Сад и Раднички од Нови Белград во Првата лига на Србија е прекината поради недостиг на докази.

По повод натпреварите ФК Младост ГАТ – ФК Колубара, ФК Колубара – ФК Спартак и РФК Нови Сад – ФК Раднички НБ донесени се следните одлуки:

– ФК Колубара Лазаревац е казнет со одземање 9 бода.
– ФК Спартак Суботица е казнет со 3 милиони динари.
– ФК Младост ГАТ Нови Сад е казнет со 3 милиони динари.
За натпреварот РФК Нови Сад – Раднички НБ, постапката е прекината поради немање докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот