Фазлагиќ: Нè очекуваат два многу тешки меча против Украина и Франција

фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на тренинг центарот „Петар Милошевски” – Скопје ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари против Украина и Франција.

За два дена (на 11 ноември) токму на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски” гостува селекцијата на Украина, пет дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески” го пречекуваме топ фаворитот во групата, селекцијата на Франција.

Фудбалерот од средниот ред на словачкиот клуб Жилина, Енис Фазлагиќ верува дека со добра игра и пожртвуваност пред домашната публика може да се остварат позитивни резултати.

– Нè очекуваат два многу тешки меча против Украина и Франција. Фокусот е максимално насочен кон првиот дуел со Украина, тежок противник кој се наоѓа во одлична форма и игра многу квалитетно во овие квалификации. Имаа одлични индивидуалци, но и колективно се многу добри. Ќе се подготвиме максимално, ќе дадеме сѐ од себе и се надевам дека ќе успееме да освоиме три бода од овој дуел. Одиме чекор по чекор, играме два натпревари на домашен терен, верувам дека со подршката од нашите навивачи ќе можеме да освоиме бодови и на мечот со Франција. На претходниот квалификациски циклус во октомври и мечевите со Фарски Острови и Ерменија не бев во тимот поради повреда на зглобот, но тоа е зад мене, подготвен сум да дадам сè од себе за Македонија на натпреварите со Украина и Франција – рече Фазлагиќ.

Во досегашниот тек од квалификациите, Украина има остварено три победи и еден пораз, се наоѓаат на втората позиција со девет освоени бода. Македонија има скор од 1 победа, две нерешени средби и еден пораз. Со пет освоени бода, селекцијата на Драги Канатларовски се наоѓа на третата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот