Фаучи: Училиштата во САД можеби нема да се отворат во рок од сто дена

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Фаучи исто така неодамна рече дека е тешко да се постигне планот на Бајден да се вакцинираат сто милиони луѓе во првите сто дена од новата администрација. 

Американскиот имунолог Ентони Фаучи предупреди дека планот на Џо Бајден да ги отвори повеќето училишта во рок од сто дена откако ќе стане претседател на САД „можеби нема да се случи”, бидејќи САД продолжуваат да се борат со голем број нови случаи на коронавирус, објави Си-Ен-Ен.

– Претседателот го сфаќа ова многу сериозно. И од гледна точка на учениците и од гледна точка на наставниците. Тој сака да верува дека училиштата ќе се отворат во следните сто дена. Тоа е целта. Можеби нема да се случи затоа што има неповолни околности, но она што Бајден го сака е да стори сé што е во негова моќ за тоа да се случи, рече Фаучи.

Фаучи исто така неодамна рече дека е тешко да се постигне планот на Бајден да се вакцинираат сто милиони луѓе во првите сто дена од новата администрација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот