Фаучи: Се уште не е доцна да се спречи ширењето на ковид-19 во САД

фото: твитер

САД би можеле да доживеат нов скок на заболени од коронавирус, откако дел од граѓаните ќе се вратат дома, откако за викенд го прославија Денот на благодарноста, оцени денеска главниот имунилог во САД, Ентони Фаучи.

Фаучи рече дека се уште не е доцна оние кои патувале ширум земјата за време на празниците да го спречат ширењето на вирусот, така што ќе носат маски и ќе одржуваат адекватна социјална дистанца.

Денот на благодарноста е празник во текот на кој годишно има најмногу патувања во САД, а многумина патуваа и годинава, иако Америка е прва по бројот на заболени (13 милиони случаи) и починати (повеќе од 266.000 лица).

Во неделата, бројот на заболени во ноември надмина четири милиони, што е двојно повеќе од октомври, додава „Би-Би-Си“.

Фаучи ги замоли луѓето кои патувале да останат во карантин во наредниот период, „доколку тоа е возможно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот