Фатон Селами Фото: Социјални мрежи

Фатон Сељами од Тетово избран за народен правобранител

Собранието  го избра Фатон Сељами од Тетово за нов народен правобранител откако половина година Институцијата беше без прв човек бидејќи власта не можеше да обезбеди Бадентерово мнозинство

За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците што припаѓаат на заедници што не се мнозинство, 20 беа „за“, осум „против“. Мнозинството успеа да обезбеди гласање според Бадентеровиот принцип без гласовите на ДУИ, односно за Сељами освен пратениците од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и Вреди гласаа и пратениците од СДСМ и Левица кои припаѓаат на заедниците, како и независните пратеници Илир Демири и Бејџан Иљас.

Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и нотарски испит.

Мандатот на Насер Зибери истече на 12 јули минатата година, бидејќи на тој ден исполнил услови за пензионирање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот