Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева избрани за нови уставни судии

Собрание седница/Фото: МИА

Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева со 64 гласа „за“ и 30 гласа според Бадентеровиот приинцип на гласање се избрани за нови уставни судии.

Претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека пратеничката група нема да присутствува во пленарната сала за изборот на новите уставни судии, бидејќи е направен преседан односно до Собранието за гласање се испратени двајца од тројца предлози за уставни судии.

– Жалам што успеавте и Уставниот суд да го направите партиска институција и изборот да го сведете на начин на кој што ќе го направите сега. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ја напушти седницата и нема да присуствиува на овој срамен чин за државата -рече Мицевски.

За предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да стане нов уставен судија се уште не е завршена расправата во Комисијата за избори и именувања.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот