„Фарми на тролови“ од Македонија дел од група која објавува најмногу лажни вести за Ковид-19

Фејсбук, во изјавата за „СиЕнБиСи“ објасниле дека откриле оти „странски „тролови“ постојатно реобјавуваат содржини од Натурал њуз, антиваксерски портал кој често постира лажни теории на заговор за корона вирусот, 5Г технологијата и Бил Гејтс.

Неколку „Фарми“ за креирање дезинформации за новиот коронавирус од Македонија и од Филипините работеле за Натурал њуз (Natural News), еден од најголемите споделувачи на теории на заговор и дезинформации за Ковид-19 на Фејсбук.

Поради тоа, домејнот на Natural News и неговите сестрински сајтови се отстранети од социјалната мрежа, објави американски „СиЕнБиСи“.

Како што објави американсата телевизија, станува збор за „еден од најупорните споделувачи на виралното видео за т.н. ‘Пландемија’, кое лажно трвди дека корона вирусот е дел од намерна владина завера со цел да се контролира популацијата преку вакцини, и погрешно посочува дека носењето маска го зголемувало ризикот од зараза со корона вирусот“.

Фејсбук, во изјавата за „СиЕнБиСи“ објасниле дека откриле оти „странски „тролови“ постојатно реобјавуваат содржини од Натурал њуз, антиваксерски портал кој често постира лажни теории на заговор за корона вирусот, 5Г технологијата и Бил Гејтс. Овие „тролови“ исто така често реобјавувале содржини и од сестринските сајтови на Натурал њуз: Њуз таргет (NewsTarget) i Брајтион (Brighteon) во обид вештачки да го зголемат својот досег.
Скриншот од објавата на СиЕнБиСи

Прочитајте и...  ГДУ: На 15 јули да испратиме порака во името на граѓанинот

Фејсбук објавил дека повеќе страници од социјалната мрежа поврзани со Натурал њуз се отстранети „поради ‘спамерско’ однесување и злоупотреба, не поради содржината која ја објавуваа. Тие ги манипулираа луѓето за популарноста на нивните објави и се потпираа на ‘фарми’ за содржини во Македонија и на Филипините“.

Оттаму додале дека ваквите мерки ги преземале како дел од рутинските напори против ‘спамерски’ мрежи.

Инаку, официјалната Фејсбук страница на Натурал њуз била банирана од Фејсбук минатата година, но веб-сајтот го заобиколил банот постирајќи содржини во брендирани групи со имиња како „Amazing cures“ (Неверојатни лекови) и „GMO Dangers“ (Опасности од ГМО), кои имале стотици илјади следбеници.

Откако Фејсбук открил за манипулацијата, компанијата на 19 мај ја исклучила можноста да се постираат линкови до Натурал њуз и до сестринските сајтови.

Прочитајте и...  Шахпаска од Велес: На 15 јули одиме напред по патот на напредокот

Прочитај повеќе

Еколошка катастрофа: На Арктикот истекле 45 тони гориво

Слободен печат

МЗ: Изминатиот период се набавени 12 амбулантни возила и 13 нови возила за домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат

Лагите и конспирациите за Ковид 19, не ја поштедија ни починатата 24 годишна девојка од Тетово

Сопругата на Пендаровски ќе биде во избирачки одбор за гласање на заразени од коронавирусот

Слободен печат

Мицкоски: Народот одлучува за каква иднина ќе има, во каква држава сакаме потомци да живеат

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Имунологот Јанковиќ: Ова не го очекувавме во Србија, ова е борба за опстанок

Слободен печат

Борисов: Постои демократски начин за преземање на власта, а тоа е на избори

Слободен печат

Детали од дневникот на Мајкл Џексон: Стравувал дека ќе го убијат, посакувал бесмртност и 20 милиони долари неделно

Слободен печат

Косово со поригорозни мерки против коронавирусот, нема прогласување на вонредна состојба

Слободен печат

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија доби една од најсовремените операциони сали во регионот

Слободен печат

Црногорската опозиција обединета во Граѓански блок ќе настапи на парламентарните избори

Слободен печат