ФАНОВИТЕ ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Популарниот актер снимен додека ЈА ДАВИ обожавателката! (ВИДЕО)

профимедиа

Снимката која кружи на социјалните мрежи ја вознемири холивудската јавност…

Езра Милер (27), кој ги воодушеви сите со улогите во филмовите „Мораме да разговараме за Кевин“, „Чарлиевиот свет“ и серијалот „Фантастични ѕверови“ од самиот почеток на кариерата го привлекуваше вниманието на јавноста.

Сепак, овие денови за него не се зборува за актерските квалитети или за ексцентричниот стил на облекување, туку за неговото насилство врз една обожавателка.

Социјалните мрежи се преплавени со снимката на која познатиот актер дави непозната жена.

Таа трае само неколку секунди, а на неа се гледа како Милер разговара со девојка пред еден паб и ја прашува: „Сакаше да се тепаш?“, а потоа ги става рацете на нејзиниот врат, ја фрла на земја и судејќи според се продолжува да ја дави, на снимката може да се слушнат и момчињата кои го снимаат видеото, а еден од нив му вели на актерот: „Брату, брату, брату!“

Се се случува многу брзо и снимката не трае подолго од пет секунди, но успеа да ги шокира фановите на Езра бидејќи, како што се пишува, девојката на снимката е една од нив – негова обожавателка.

Како што пишува магазинот „Variety“ се се случило на 1-ви април во Рејкјавик, а наводно актерот ги загубил нервите во разговорот со премногу возбудените млади фанови. Очевидците додаваат дека Милер бил замолен да го напушти објектот, кој инаку редовно го посетува кога оди во Исланд.

профимедиа

Се уште не е познато дали против актерот е поднесена пријава, а твитерџиите веќе му предвидуваат крај на кариерата и покрај шегите на негова сметка го ставаат хаштагот #EzraMillerIsOverParty.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот