„Фанк шуи“ добија награда за спотот „Магла“ на „Muzzik Video Awards“

Фанк шуи Funk Shui
Лука, Михаил и Мартина од Funk Shui / Фото: Инстаграм, Funk Shui

Регионалниот фестивал на кратки музички филмови „Muzzik Video Awards“ ги објави победниците во 17 категории на натпреварот.

„Muzzik Video Awards“ е регионален фестивал на краток музички филм, во кој учествуваат најдобрите регионални видеа, уметници и автори во различни музички жанрови.

Гласањето во конкуренција за„Muzzik Video Awards“ заврши на почетокот на годината и сега се познати победниците. Веќе традиционално има седумнаесет категории и во секоја од нив по десет финалисти, а со сумирање на гласовите на публиката и гласовите на професионалците во таканаречените еснафски категории се добиваат победниците, меѓу кои се најде и нашиот македонски бенд „Фанк шуи“.

Тие се победници во категоријата за монтажа, постпродукција и специјални ефекти за видеоспотот за песната „Магла“, работен со FRIED TV.

„Фанк шуи“ со возбуда го најавуваат нивниот следен самостоен концерт во Скопје, на 26 април, на новата сцена на Културнo-едукативниот центар „Лабораториум“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот