Фалсификувале евра, факултетски дипломи, уверенија за положен испит – Во Србија се уапсени 18 луѓе
Осумнаесет луѓе се приведени во Србија за фалсификување и за креирање на повеќе од 300 различни документи – сертификати, дипломи, потврди за положени испити… На тој начин незаконски заработиле повеќе од 132.000 евра, соопшти Обвинителството за организиран криминал, објавија српските медиуми.
Препорачано
„Од декември 2024 година до денес, оваа организирана криминална група фалсификувала и создала повеќе од 300 различни документи – сведоштва, дипломи од разни средни, високи и високообразовни установи, уверенија за положени испити, уверенија за завршена стручна пракса, уверенија за положени државни испити, како на српски така и на странски јазик, кои биле заверени со апостили, со што оваа организирана криминална група стекнала противправна финансиска корист, во досега утврден износ од повеќе од приближно 132.000,00 евра“, соопшти ТОК.
Сомневањата се дека оваа организирана криминална група извршила повеќе кривични дела: здружување со цел извршување кривични дела, кривично дело фалсификување исправа во подолг временски период, кривично дело злоупотреба на службена положба во подолг временски период.
Според Министерството за внатрешни работи, полицијата досега ги претресла становите што ги користеле осомничените во Белград, Нови Сад, Панчево, Ковина и од Сомбор и пронашла десетици фалсификувани документи, дипломи, уверенија, телефони, USB мемории, лаптопи, држачи за мемориски картички, бланко чекови од странски банки, како и повеќе од 150.000 евра.


