Фајон: Изјавата на Мартиновиќ е говор на омраза

Таа од денес е во дводневна посета на Белград, а преку Твитер иронично се заблагодарила на Мартиновиќ на неговото „добредојде“, односно на изјавата која ја дал во пресрет на нејзиното доаѓање.

Европратеничката Тања Фајон денеска ја оценила изјавата на шефот на пратеничката група на СНС Александар Мартиновиќ како говор на омраза. На прашањето за реакција за изјавата на Мартиновиќ за тоа дека има анимозитет спрема СНС од идеолошки причини, но и бидејќи доаѓа од држава која некогаш била во состав на СФРЈ, Фајон рекла дека верува дека и понатаму е добредојдена во Србија, а дека неговата изјава е само „изјава на еден пратеник кој користи говор на омраза, по што е познат“.

„Жал ми е што ја искористи седницата на Собранието за тоа“, порачала Фајон.

Таа додала дека пратениците во Европкиот парламент се навикнале на „другата култура на политичкиот дијалог“, велејќи дека тоа „очигледно не е и вообичаено“.

„Жалам што е тоа така. И пренесов и на претседателката на СобраниетоМаја Гојковиќ и ја повикав заедно да не дозволиме говор на омраза“, објаснила Фајон.

Таа од денес е во дводневна посета на Белград, а преку Твитер иронично се заблагодарила на Мартиновиќ на неговото „добредојде“, односно на изјавата која ја дал во пресрет на нејзиното доаѓање.

Фајот на Твитер споделила видео на кое Мартиновиќ во српското Собрание вели дека „Тања Фајон има анимозитет спрема СНС“.

Фајон при споделувањето на видеото напишала коментар: „Пријатно добредојде. Нема проблем…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот