Фабињо потпиша договор на три години со Ал-Итихад

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Бразилскиот фудбалер од средниот ред Фабињо (29) го напушти Ливерпул и кариерата ќе ја продолжи во Ал-Итихад, објави саудискиот шампион.

Фабињо последните пет години ги помина во дресот „црвените“, а со Ал-Итихад потпиша тригодишен договор. Финансиските детали не беа објавени, но британските медиуми објавија дека надоместот изнесува околу 45 милиони евра.

Бразилецот во клубот од Џеда ќе им се придружи на освојувачот на „Златната топка“ Карим Бензема и поранешниот играч од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте.

Репрезентативецот на Бразил има 219 настапи за Ливерпул од неговото доаѓање во 2018 година, помагајќи му на тимот да ги освои титулите во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига Купот и Суперкупот на УЕФА.

Во текот на кариерата играше и за Монако, Реал Мадрид, Рио Аве и Флуминенсе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот