Ф1: Пол позицијата за сензационалниот Строл, дебакл на Мерцедес

epa08819706 Canadian Formula One driver Lance Stroll of BWT Racing Points in action during the qualifying practice session of the Formula One Grand of Turkey on the Intercity Istanbul Park circuit, Istanbul, Turkey, 14 November 2020. The Formula One Grand of Turkey will take place on 15 November 2020. EPA-EFE/Ozan Kose / Pool

Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл дојде до првата пол позиција во кариерата откако беше сензационален победник во квалификациите пред утрешната трка за Големата награда на Турција.

Строл извозе неверојатно на дождливата патека во Истанбук во последните моменти од третите квалификации и сосема заслужено ја освои пол позицијата.

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, кој доминираше во првите две квалификациски сесии и на крајот заврши на второто место, додека Серхио Перез го имаше третото најдобро време.

Ленс Строл/EPA-EFE/Clive Mason / Pool

Изненадувачки потфрлија возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои на утрешната трка ќе стартуваат од шестата односно деветтата позиција и за прв пат сезонава, по 13. трки нема да има ниту еден болид на Мерцедес на пол позицијата.

Квалификациите во Истанбул ги одбележа дождот и на влажната патека најдобро се снајдоа возачите кои највеќе ризикуваа.
Иако до последната минута од квалификациите изгледаше дека никој не може да го загрози Ферстапен, вистинско изненадување направија возачите на Рејсинг Поинт. Прво Перез имаше најбрзо време, но веднаш потоа Строл го подобри, а Ферстапен имаше шанса во последните секунди да дојде до пол позицијата но неговиот круг беше за 0.3 секунди поспор од тој на Строл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот