Еврозоната повторно во рецесија

Вториот последователен квартал на пад на БДП, после наглиот пад во четвртиот квартал од 2020 година, потврдува дека економијата на 19-те членки повторно е во рецесија.

Бруто домашниот производ во еврозоната падна за 0,6 проценти во првите три месеци од оваа година, покажаа денешните податоци на Европскиот завод за статистика Евростат.

Вториот последователен квартал на пад на БДП, после наглиот пад во четвртиот квартал од 2020 година, потврдува дека економијата на 19-те членки повторно е во рецесија.

Два последователни квартали на негативен економски раст се дефинираат како техничка рецесија, потсетуваат светските агенции.

Еден од факторите за забавување на европската економија е бавното воведување на вакцини и долготрајната блокада, а другиот фактор е помалата државна поддршка за економијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот