Европските производители на соларни панели бараат помош, магацините крцкаат од залихи

Соларни панели, Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Европските производители на соларни панели побараа од Европската унија итни мерки за помош за да се зачува производството наспроти евтиниот кинески увоз, се вели во писмото што го видел Ројтерс, објави СЕЕ.биз.еу.

Група европски производители на соларни панели најавија затворање на погоните, наведувајќи го бранот увоз и прекумерната понуда на делови што се натрупаа во европските магацини, принудувајќи ги да ги намалат цените.

Швајцарскиот „Мајер Бургер“ планира да ја затвори својата фабрика загубар во Германија доколку не ја добие ветената помош од владата. Во писмото до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, здружението EСМЦ предупреди дека европските производствени капацитети може да се намалат повеќе од преполовен во рок од неколку недели, доколку ЕУ итно не им помогне.

Тие бараат и измена на регулативите за државна помош и посилна владина поддршка за домашните производители.

Ако не може да ги спроведе овие мерки на краток рок, ЕУ треба да разгледа и „заштитни“ механизми, како што се царини и квоти, кои би го ограничиле увозот, сугерира здружението. Европа брзо се свртува кон соларната енергија и минатата година инсталираше рекордни 56 ГВ нов капацитет за производство на соларна енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот