Европските прехранбени компании бараат задолжително означување на ГМ храната
Повеќе од 370 компании за храна и малопродажба од 16 земји на ЕУ ги повикаа министрите за земјоделство во вторникот да го поддржат задолжителното означување на генетски модифицираната (ГМ) храна. Компаниите, вклучително и германскиот трговец на мало ДМ и големиот синџир супермаркети за органски производи Aлнатура, побараа етикетирање во отворено писмо до унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ. Унгарија во моментов претседава со Европската Унија и е задолжена за формулирање на заедничкиот став на членките на ЕУ, објави Хина. Договорот на министрите за земјоделство е услов за почеток на преговорите меѓу Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на ЕУ.
Препорачано
Минатата година Европската комисија предложи олеснување на одредбите за генетско инженерство, Европскиот парламент се согласи со полесните регулативи, но побара етикетирање на сите прехранбени производи со ГМО на полиците на европските супермаркети.
Поддржувачите на ГМ технологијата се надеваат на храна која ќе биде поотпорна на климатските промени, ќе има повеќе хранливи материи и ќе бара помалку пестициди. Критичарите предвидуваат ризици за јавното здравје и животната средина, забележува новинската агенција ДПА.


