Европски куп: Ѓорче Петров против исландскиот КА Пор, Израелки за ЖРК Куманово

Четири македонски женски ракометни клубови во Европскиот куп/Фото: РФМ

Со жрепка се дознаа сите противници на македонските женски ракометни клубови во Европскиот куп, ЖРК Чаир, ЖРК Куманово и ЖРК Металург и актуелниот шампион Ѓорче Петров.

Во второто коло ЖРК Металург на првиот меч ќе му гостува на грчкиот ПАОК, додека ЖРК Жаир оди во Косово кај Истогу.

ЖРК Куманово во првите 60 минути дома ќе го пречека Макаби Рамат Ган од Израел, додека ѓорчепетровки за ривал го имаат КА Пор од Исланд.

Првите натпревари ќе се играат на 8/9 октомври, а реванш средбите на 15/16 октомври 2022 година.

Европски куп (жени)

2. коло, двојки –

ЖРК Ѓорче Петров (Македонија) – КА Пор (Исланд)
ПАОК (Грција) – ЖРК Металург (Македонија)
ЖРК Куманово (Македонија) – Макаби Рамат Ган (Израел)
Истогу (Косово) – ЖРК Чаир (Македонија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот