Европската унија и БиХ потпишаа меморандум за заем од 250 милиони евра

Претставници на Европската унија и на Босна и Херцеговина денеска потпишаа меморандум за разбирање, со кој се овозможува на таа земја да земе заем од 250 милиони евра за макрофинансиска помош за ублажување на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус.

Заемот ќе се исплати во две транши од по 125 милиони евра. Првиот дел од заемот се очекува по влегувањето во сила на меморандумот и придружниот договор за кредитната линија.

БиХ преговараше за заемот долго време, затоа што мораше да се следат сите внатрешни процедури, како и механизмот за координирање на сложениот систем на управување при донесувањето одлуки.

Заменик-претседателот на Советот на министри на БиХ и министер за финансии и трезор на БиХ, Вјекослав Беванда, рече дека целта на макро-финансиската помош од Европската унија е да се ублажат последиците од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

– Најважно е што успешно постигнавме договор меѓу сите нас, во рамки на БиХ, и тоа е прифатливо за ЕУ, а продолжувањето на активностите е пропишано со овој меморандум, како и со нашите правни процедури за задолжувањ, рече Беванда.

Тој се заблагодари на Европската унија за подготвеноста да и помогне на Босна и Херцеговина во ова толку предизвикувачко време.

 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот