Европа добива мега-аеродром, околу 40 милиони патници ќе поминуваат низ него
Во 2032 година, Полска планира да отвори мега-аеродром, „Порт Полска“, помеѓу Варшава и Лоѓ, кој треба да прима 40 милиони патници годишно, ставајќи го на исто ниво со аеродроми како лондонскиот „Хитроу“ и „Истанбул“. Проектот беше одобрен во 2017 година, но по него следеше корупциски скандал. Сегашниот премиер Доналд Туск, избран во 2023 година, вети дека проектот ќе биде „нов почеток“ и истакна дека аеродромот „ќе го револуционизира патувањето низ целата земја и пошироко“.
Препорачано
За изградба се издвоени 131 милијарда злоти (30 милијарди евра), а работите се планира да започнат во 2026 година. Аеродромот ќе комбинира воздушен, железнички и патен сообраќај, со две паралелни писти долги 4.000 метри, патнички терминал и железничка станица.
Брзите железнички врски ќе го поврзат аеродромот со Варшава, Краков, Гдањск и Вроцлав, додека новиот автопат ќе обезбеди брзи врски со остатокот од земјата. Британското архитектонско студио „Фостер + Партнерс“ го дизајнира аеродромот како модерен сообраќаен центар и центар за патници од цела Европа- објави Каматица.


