Евролигата ни прави услуга: Швед нема да игра против Македонија

twitter/VTB United League

Руската кошаркарска репрезентација во првите две кола од квалификациите за ЕП 2021 против Италија и Македонија нема да може да смета на сите играчи кои настапуваат за евролигашите ЦСКА, Химки и Зенит.

Кошаркарската репрезентација на Македонија на стартот на квалификациите за Евробаскет 2021 ги започнува на 20 февруари во Скопје кога ќе ја нагости Естонија.

Во второто коло, три дена подоцна „црвено-жолтите“ во Перм и гостуваат на силната Русија која ќе биде ослабена со неиграњето на најдобриот кошаркар, Алексеј Швед. Причината не е повреда туку административната војна помеѓу Евролигата и ФИБА.

Евролигата не ги почитува термините за одигрување на репрезентативни настапи и има закажано натпревари токму на денот кога се игра првото коло во квалификациите.

Така Химки чиј член е Швед, на 20 февруари игра против Милано во Евролигата, и иако нема да има проблем да настапи против Македонија, тој сепак нема да биде повикан за првите две кола од квалификациите.

Покрај Швед, селекторот Базаревич за натпреварите против Италија и Македонија, нема да може да смета ниту на Вјачеслав Зајцев од Химки и на Дмитри Хвостов од Зенит.

На местото на тројцата кошаркари од евролигашките екипи се повикани Иван Стребков, Павел Антипов и Антон Астапкович од Нижњи Новгород.

Список на повикани кошаркари на Русија:

БЕКОВИ: Евгениј Бабурин, Максим Григорјев, Денис Захаров, Дмитри Кулагин, Михаил Кулагин, Григориј Мотовилов, Андреј Сопин, Виталиј Фридзон, Иван Стребков

КРИЛА: Семен Антонов, Никита Балашов, Евгениј Валиев, Андреј Воронцевич, Андреј Зубков, Станислав Иљницки, Сергеј Карашев, Никита Михајловски, Владислав Трушкин, Павел Антипов, Антон Астапкович

ЦЕНТРИ: Џоел Боломбој, Артем Забелин, Владимир Ивљев, Артем Клименко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот