Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Евролига: Триумф над Асвел ја однесе Црвена Звезда во плеј-ин

Кошаркарите на Црвена звезда денеска го победија Асвел во Вилербан со 106:93, во 37 коло од Евролигата. Со оваа победа, „црвено-белите“ обезбедија плеј-ин, а до каде ќе стигнат избраниците на Саша Обрадовиќ ќе видиме во следната рунда.

Српската екипа до победата ја предводеше Џаред Батлер со 24 поени, три скока и пет асистенции, а потоа следуваше Џордан Нвора со ист број поени и три скока.

Чима Монеке исто така постигна двоцифрен број поени со 15, како и Коди Милер-МекИнтајр со 14 поени, четири скока и седум асистенции.

На спротивната страна за францускиот тим прв стрелец беше Ангола со 22 поени, следен од Херисон со 16 поени (шест скока, осум асистенции).

На табелата Црвена звезда е на седмото место (21-16), додека Лион е на последното 20 место (8-29).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот