Евертон засинтересиран за младата ѕвезда на Јувентус

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Англискиот премиерлигаш Евертон и во овој преоден рок влегува со големи амбиции и желба конечно да се вклучи во трката за позициите кои носат во пласман во Лигата на шампионите. Евертон во изминатите две сезони потроши дури 300 милиони евра за засилувања, но не успеа да дојде до една од првите четири позиции.

Токму затоа, „карамелите“ се подготвени повторно да трошат, но овој пат сакаат да купуваат од најдобрите европски екипи и според „Дејли Меил“, главна мета е тинејџерската сензација на Јувентус, Моисе Кин.
Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, најави дека Кристијано Роналдо ќе игра како напаѓач во следната сезона, а побара од управата да го ангажира и екс капитенот на Интер, Маури Икарди, со што се намалува можноста на Кин редовно да игра.

Токму на таа карта игра Евертон, подготвен е да му ја понуди улогата на главен напаѓач во тимот и веќе имаат подготвено понуда од 35 мииони евра. Оваа сума му одговара на Јувентус, кој ќе инсистира во договорот со „карамелите“ да има клаузула со која ќе можат да го вратат италијанскиот репрезентативец во Торино и тоа за сума од 45 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот